Нов црн ковид – рекорд: 51 починат за 24 часа, нови 1.302 заразени

Во последните 24 часа, земјава регистрира нов неславен рекорд – 51 лице почина како последица од ковид, додека од 4.438 тестирања, регистрирани се 1.302 нови случаи.

Најмногу се од Скопје – 523, Битола – 119, Куманово – 87, Прилеп – 55, Охрид – 54, Тетово – 51, Велес – 47, Гостивар – 38, Штип- 34, Кочани – 31, Кавадарци – 30, Берово – 27, Струмица и Кичево по – 25, Гевгелија – 24, Струга – 22, Неготино – 17, Ресен -14, Дебар – 11, Свети Николе и Радовиш по -10, Пробиштип – 8, Крива Паланка и Валандово по – 7, Делчево и Виница по – 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по – 2, Кратово – 1.

Регистрирани се 626 оздравени пациенти.

Од починатите, 20 се од Скопје (87г , 81г , 80г , 80г , 79г ,79г, 76г , 73г , 71г , 69г, 68г, 68г, 62г, 62г 60г, 56г, 55г, 53г, 51г, 47г ), по 5 починати пациенти од Прилеп (84г, 82г, 77г, 72г, 72г) и Струмица (84г, 81г, 77г, 76г, 70), по 3 починати пациенти од Куманово (52г, 52г, 32г) и Кочани (63г, 61г, 46г), по 2 починати пациенти од Тетово (69г и 55г), Гостивар (83г, 57г), Кавадарци (77г и 74г) и Охрид (77г и 66г), и по 1 починат пациент од Битола (73г), Неготино (68г), Гевгелија (76г), Радовиш (77г), Делчево (79г), Виница (74г) и Валандово (58г). Пеесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891, од кои 10.838 се од Скопје.

До денес, највисоката бројка на смртни случаи во едно деноноќие беше регистрирана на 2 април – 50 починати.

ИЈЗ денеска објави неделна статистика која покажува пораст на бројот на смртни случаи од 27,5 отсто за една недела.

Претходна вестШто поскапе, а што поевтини за една година во пандемија
Следна вестСекој секому префрла за мерките, но сега е најважно да се почитуваат