Нова дојава за подметната бомба во училиште, се евакуира гимназијата „Корчагин“

Нова дојава за подметната бомба утринава е добиена во скопската гимнaзија „Раде Јовчевски – Корчагин“. Во тек е евакуацијата на учениците и на наставниот персонал, а наскоро полициски екипи ќе ја почнат задолжителна претрага.

По паузата од неколку дена ова е нова дојава за подметната експлозивна направа. Искуствата од последните дојави покажуваат дека тие стасуваат по електронска пошта во повеќе скопски средни училишта.

Последните дојави биле примени на 11 ноември во 4 скопски училишта. Проверките покажале дека се лажни. МВР уверува дека засилено работи на расветлување на овие случаи.

Претходна вестСкопје утринава меѓу 12 градови во светот со најзагаден воздух
Следна вестМВР: Дојави за подметнати бомби во 7 скопски училишта, во тек се антитерористички проверки