Нова најава: Булеварот „Борис Трајковски“ ќе се доизгради до Драчево

Ќе продолжи доизградбата на булеварот „Борис Трајкоски“ до населбата Драчево, предвидено е со Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Скопје за 2021 година која денеска ја донесе Советот на Град Скопје.

Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над 2 километри.

-На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со 4 сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура. Овој капитален проект особено ќе биде значаен за околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои ќе можат побезбедно и полесно да патуваат, а голем бенефит ќе има и индустриската зона лоцирана во овој дел на градот, соопшти денеска Градот Скопје.

Претходна вестПриведени шест лица на скопски аеродром, имале лажни ПЦР-тестови
Следна вестПочинале 9 пациенти од вирусот, новозаразени се 509 лица