Нова поддршка од Швајцарија во вредност од 7,5 милиони швајцарски франци за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата

523

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи свечена церемонија на потпишување на договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата.

Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, на настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите: првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Вероник Улман.

Договорите, во вкупна вредност од 7,5 милиони швајцарски франци, се наменети за техничка и финансиска поддршка на јавните комунални претпријатија во седум општини низ Северна Македонија, со цел подобрување на нивната отпорност, ефикасност и одржливост.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПочнува со работа Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Битола
Следна вестАктивни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани