По скандалозните грешки во учебникот по Историја и општество за петто одделение откриени во минатата учебна година, сега грешки има и во Прирачникот за Историја и општество за шесто одделение. На социјалните мрежи се појавија бројни реакции во однос на овој Прирачник кој е објавен во ПДФ-форма, а од кој годинава би требале да учат основците, и е одобрен од Министерството за образование и Бирото за развој на образованието.
Така, според Министерството за образование (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) реките Тигар и Еуфрат се наоѓаат на африканскиот континент!?. Така барем пишува во прирачникот по историја и општество што на својот фејсбук профил го објави професорот Игорче Дунимаглоски.
-Почитувани родители децата во 6-то одделение по предметот историја и општество ќе учат од овие мизерни материјали во електронска форма од МОН. Тој што ги пишувал убаво би било барем континентите да ги знае. Бидејќи тоа е комплицирано, требало да отвори карта ќе видел каде се наоѓаат реките Нил, Тигар и Еуфрат. Ние наставниците ја отфрламе оваа лоша концепција, напиша Дунимаглоски.
Помошта е мапа од која се гледа дека Тигар и Еуфрат, сепак, не се во Африка, туку во Азија.
„Олеснителна“ околност во случајот е што Прирачникот не е отпечатен и поделен на учениците туку е само во електронска форма.