Нова жртва на македонските патишта, усмртил пешак па побегнал

Министерството за внатрешни работи информира дека на 02.01.2023 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Градманци, скопско, патничко возило удрило во А.А.(54) од с.Катланово, по што го напуштило местото. А.А. починал, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа на клучката кај штипската населба Три чешми на експресниот пат Штип – Кочани.

Во незгодата се судриле автобус со беровски регистерски таблички и возило „опел астра“ со пробиштипски регистарски ознаки. Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 19.45 часот. Лекарите од Итната медицинска помош на лице место констатирале дека загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип.