Новак Ѓоковиќ повторно испиша историја, 400 недели прв на АТП листата!

Со победата над Холгер Руне на стартот на Завршниот АТП турнир во Торино, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ до крајот на годината ќе остане прв на АТП-листата. Тој повторно испиша историја, односно 400 недели прв на АТП листата, со тоа стана првиот кој поминал повеќе од 400 недели на тоа место.

Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне во првото коло од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 2:1, по сетови 7:6 (4), 6:7 (1) и 6:3. По оваа победа, 36-годишниот Србин си го загарантира првото место на АТП ранг-листата по крајот на сезоната.

Годината тој ќе ја заврши како бр.1 по осми пат. Ѓоковиќ ќе го подобри сопствениот рекорд во оваа статистика.

На првиот меч на Завршниот турнир што се игра во Торино, Јаник Синер го победи Стефанос Циципас со 2:0.

Денес ќе се играат натпреварите од 1.коло во Б-групата:

Карлос Алкараз – Александер Зверев

Данил Медведев – Андреј Рубљов.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Хибридниот режим преку заробеното судство осуди пратеник за искажан став во Собрание
Следна вестПротести во Сараево, Белград и Подгорица против војната во Газа