Темен режим Режим на светлина

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос

Ѓоковиќ по три сета до осминафинале на турнирот во Индијан Велс Ѓоковиќ по три сета до осминафинале на турнирот во Индијан Велс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на гранслем турнирот Ролан Гарос. Тој во три сета го совлада Александар Ковачевиќ од САД, а најмногу проблеми имаше во третиот сет кој го доби во тај-брејк. Првиот го доби со 6:3 во гемови, во вториот му дозволи само два гема на ривалот, а во третиот и загуби двапати сервис, а на крајот го комплетираше со 7:6 во гемови, на поени 7:1.

Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против Мартон Фучовиќ кој со 3:1 во сетови беше подобар од Хуго Грение.

Искусниот Фабио Фоњини го елиминира десеттиот светски тенисер Феликс Оже – Алијасим со 3:0 во сетови (6:4, 6:4, 6:3). Роберто Баутиста – Агут со 3:0 во сетови беше подобар од Јибинг Ву од Кина.

Кај дамите, Медисон Кис се пласира во следната рунда со триумфот од 2:1 во сетови (6:1, 3:6, 6:1) против Каја Канепи, а Слоун Стивенс ја елиминира Каролина Плишкова со 2:0 во сетови (6:0, 6:4).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште

Следна објава

Камења паднале врз турист од Полска на Матка, пренесен е во болница