Новата бугарска влада најавува поинаков пристап во разговорите со Македонија

Една од првите задачи на новиот министер за надворешни работи на Бугарија и идниот бугарски премиер е да се формираат работни групи меѓу Бугарија и Македонија кои ќе опфатат различни области, најавува Кирил Петков, еден од лидерите на  „Продолжуваме со промените”, движење кое победи на парламентарните избори во Бугарија.

Според Петков, овие работни групи треба да бидат слични на оние во преговорите меѓу идните коалициски партнери во Бугарија – за економија, инфраструктура, култура, историја, човекови права и да почнат да работат на секоја од овие теми што е можно потранспарентно, за да можат двата народа да се запознаат со реалните теми и секој да почне да размислува која е цената ако нема добрососедство меѓу двете земји и обратно – какви се успесите ако има вистинско добрососедство.

Според Петков, темата за историјата, која не треба да се игнорира, ќе стане една од темите на разговор, но нема да биде единствена.

 

Претходна вестНово Лисиче доби нов спортски центар „Марко Божиновски“
Следна вестВо трката за лидер на СДСМ влегуваат три кандидати