Нови 29 заразени од корона вирусот, повеќето во Скопје

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на заразени од корона вирусот во Македонија. Ова пред петнаесетина минути го соопшти министерот Венко Филипче преку Фејсбук.

Тој ги наведе и бројките на новозаразени по градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.

Ова е табелата според градови:

– Скопје – 108

– Дебар (41) – 1 починат

– Куманово (11) – 1 починат

– Штип (7)

– Велес (3)

– Кавадарци (2)

– Охрид (2)

– Прилеп (2)

– Гостивар (1)