Нови 292 заразени и 7 починати

Во последните 24 часа се регистрирани нови 292 случаи на КОВИД-19, од направени 2.410 тестови (нешто повеќе од 12 отсто). Оздравени се 303 пациенти, а починале две лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи, во Скопје се 140, Битола 21, Куманово 18, Велес 16, Прилеп 14, Тетово 13, Кавдарци 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка по 5, Виница 4, Струга и Демир Хисар по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија по 1.

Од вкупниот број на позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85г) и Кавадарци (67г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 45г. до 85г. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022. Од пријавените починати  лица, 4 се починати во болнички услови и  едно лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (седум), се со регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.398, бројот на оздравени пациенти е 289.064, на починати е 9.104 а бројот на активни случаи изнесува 2.230.

Претходна вестКомисијата за заразни болести на неделно ниво ќе проценува каков е ризикот од ковид
Следна вестВладини мерки за ублажување на кризата: Укинување ДДВ за основните продукти, намалени акции за горивата, ваучери за најранливите