Нови 528 заболени со ковид-19, починале 13 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.323 тестирања, а регистрирани се 528 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, Крива Паланка и Пробиштип – по 9, Кратово и Демир Хисар – по 7, Тетово, Ресен и Валандово – по 6, Гостивар и Неготино – по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево – по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Македонска Каменица, Дојран и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 327 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), 2 починати лица од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600, од кои 3.859 во Скопје.

Претходна вестВо Македонија станува поим за „способност“ оној кој ќе ограби повеќе 
Следна вестСкопјанец во притвор и ќе одговара за убиство на својата баба