Нови 855 случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.602 тестови, а регистрирани се нови 855 случаи на Ковид-19. Од нив во Скопје се 347, Битола – 77, Куманово – 55, Тетово – 45, Прилеп – 43, Кавадарци – 38, Велес, Охрид и Штип – по 26, Струмица – 25, Кичево – 22, Гостивар – 17, Свети Николе – 14, Кратово – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Крива Паланка и Демир Хисар – по 7, Ресен, Радовиш , Берово и Валандово – по 6, Струга – 5, Дебар и Виница – по 3, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Капија – 1.

Од вкупниот број на позитивни (855), регистрирани се 189 реинфекции.

Регистрирани се 683 оздравени пациенти од: Скопје – 341, Кавадарци – 45, Куманово – 41, Тетово – 34, Велес – 33, Прилеп – 27, Битола – 23, Неготино – 21, Струмица – 15, Гевгелија – 14, Гостивар – 13, Ресен – 12, Кичево – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Кочани – 8, Охрид , Берово и Валандово – по 5, Кратово – 4, Демир Хисар – 3, Крушево – 2, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Битола (85г) и Кочани (71г), двете лица се починати во болнички услови, лицата за починати се пријавени во период од 22.07-27.07.2022 година, се наведува во соопштението.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196.

Претходна вест26-годишник си шетал низ скопски трговски центар со пиштол и куршуми
Следна вестАнтикорупциска комисија: Не добивме одговор на прашањето дали хирург за возрасни може да оперира деца под една година