Нови 897 заразени од корона вирус, починаа две лица

Во изминатово деноноќие во земјава се направени 1.828 тестови, а регистрирани се нови 897 случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадрци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5, Пробиштип и Крушево – по 4, Виница и Пехчево – по 2, Богданци – 1.

Од вкупниот број на позитивни (897), регистрирани се 215 реинфекции.

Регистрирани се 638 оздравени пациенти од: Скопје – 296,Охрид – 63, Битола – 45, Кавадарци – 34, Велес и Тетово – по 25, Струга – 21, Струмица – 19, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 13, Неготино – 12, Кичево – 10, Гевгелија – 7, Радовиш – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 4, Куманово и Делчево – по 2, Дебар, Валандово, Кратово, Виница и Богданци – по 1.

-Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Скопје (80г и 83г) двете лица се починати во болнички услови, се наведува во соопштението.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901

Претходна вестАрсовска се пофали со реконструкцијата на патеките во Градскиот парк, Шилегов смета дека не смеело да се асфалтира околу лавиринтот
Следна вестНад 30 проценти од семејствата во земјава се брачни парови без деца