Нови кадри во здравството: Ѓорѓиевски во „Св. Наум Охридски“, Арсова во Клиника за психијатрија, Костовски на Дигестивна хирургија

Именувани се нови директори на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, Јавна здравствена установа Универзитетска Клиника за психијатрија – Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.

На место на досегашните први лица на овие установи, поставени се Д-р Никола Ѓорѓиевски специјалист по Нефрологија, Славица Арсова субспецијалист по психотерапија и д-р Огнен Костовски, општ и дигестивен хирург.

Доцентот Д-р Никола Ѓорѓиевски дипломирал на Медицинскиот Факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во 2008 година како прв дипломиран студент на генерација. Од март 2014 година е вработен во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Нефрологија, при што во 2016 година е избран за асистент на катедрата по интерна медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, а од 2024 година е избран во звање наслов доцент. Во октомври 2019 го полага специјалистичкиот испит и се стекнува со називот специјалист по Нефрологија.

Од март 2020 година е назначен за национален координатор од Македонија при европскиот регистар на болните со бубрежна заместителна терапија на ЕРА-ЕДТА (Еуропеан Ренал Ассоциатион-Еуропеан Диалѕсис анд Трансплантатион Ассоциатион).

Д-р Никола Ѓорѓиевски е автор и ко-автор на 12 трудови објавени во медицински списанија со ИФ (фактор на влијание) и 25 трудови објавени во меѓународни и домашни медицински списанија.

Професор Д-р Славица Арсова е дипломирала на медицинскиот факултет во Скопје во 1991 година. Во 1998 година се стекнува со звање специјалист по психијатрија на медицинскиот факултет Скопје, а подоцна и субспецијалист по психотерапија. Веднаш по дипломирање работи во различни здравствени институции, а од 2002 вработена во ЈЗУ УК за Психијатрија Скопје, каде активно ја обавува работа раководител центар за ментално здравје. Стручното усовршување го надополнува го развива и надвор од државата во повеќе европски земји. Од 2005 година се стекнува со звање магистер по Психијатрија, 2012 докторира, а актуелно е редовен професор и раковител на катедрата по Психијатрија на медицинскиот факултет при УКИМ Скопје.

Проф. д-р Огнен Костовски, дипломирал на Медицинскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, во 2010 го положил специјалистички испит по општа хирургија, а во 2021 и супспецијалистичкиот испит по дигестивна хирургија. Од 2008 година е вработен во Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија, Клинички центар Мајка Тереза- Скопје. Во 2023 година се стекнал со звањето вонреден професор на Катедрата по општа хирургија.

Проф. д-р Огнен Костовски има 15 годишно работно искуство и е дел од рецензентски комисии за избор на лица во наставно-научно звање. Има објавено вкупно 36 научни трудови од областа хирургија, од кои 24 научни труда во научно списание со импакт-фактор (фактор на влијание), 12 труда во научни списанија со меѓународен уредувачки одбор и 10 труда во зборници од научни собири.

 

 

Претходна вестМВР има осомничен за убиството во Тетово, издадена е потерница
Следна вестСобрание на Алијансата за Албанците: Даути избрана за генерален, а Јајага е новиот организациски секретар