Нови пукотници во Скопје, повреден полицаец пренесен на Ургентен

Нецела недела по убиството на две лица во кафе барот „Шиша“ во центарот на Скопје, синоќа имало нова престрелка во скопски Бутел. Во престрелката е повреден и полицаец кој заедно со уште едно лице биле пренесени во Ургентниот центар.

– Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „БМВ“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале. Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство, велат од МВР.

Минатата недела на во центарот на Скопје беа убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исеинов со прекар Лаци. Нивните убијци уште не се пронајдени.

Претходна вестВонбрачен сопруг на сила внел девојка во „голф“ и ја претепал со тврд предмет
Следна вестМакедонскиот писател Гоце Ристовски доби меѓународна награда