Нови закани со бомби во училишта во Скопје и Куманово

23

Основните училишта од Скопје и Куманово вечерва околу 18 часот пријавиле дека добиле е-пошта со закана за поставени експлозивни направи, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, веднаш по пријавите е постапено по протокол, а екипи на полицијата се на терен и вршат детални проверки во засегнатите училишта за да се утврди вистинитоста на заканите и да се обезбеди безбедноста на учениците и наставниците.

Иако станува збор за вечерни часови кога нема редовна настава, откажани се сите активности на децата – пливање, кошарка, играорни групи, ракомет и други тренинзи кои требало да се одржат во попладневните термини.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЃорѓиевски: Решавање на загадувањето преку контрола, топлификација и инфраструктурни проекти
Следна вестЕден малолетник загина, седуммина се повредени, откако комбе со млади спортисти се преврте во Србија