Тимови на градските претпријатија ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Комунална хигиена“, во текот на изминатата и следната недела работат на санација и уредување долж булеварот „Киро Глигоров со цел постапување согласно барањата на граѓаните преку канцеларијата Скопје 24 часа отворен град.
Теренските екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје, работат на целосно уредување со нови зимзелени садници на булеварот „Киро Глигоров“.
-На средишниот зелен потег засадени се вкупно 350 зимзелени садници од видот тхуја оцциденталис смарагд кои праволиниски овозможуваат естетска и еко функција на булеварското зеленило, соопшти денеска Градот Скопје.