Новиот сој Омикрон брзо се шири, ќе почне ли второто полугодие на време?

Бројот на активни случаи со ковид во земјава се зголемува.

Најмногу заразени има во Скопје (8609), Битола (1456) и Прилеп (890), додека пак најмлаку има во Дојран (7).

За 16 дена, бројот на активни случаи се зголемил за над 11.000. Ако на 31 декември 2021 година, бројот на активни случаи беше 5.006, вчера тој изнесуваше 16.132. Процентот на позитивност за време на викендот е околу 22 процент.

Поради брзото ширење на омикронот, се очекува надлежните да соопштат неделава дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година, на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.

Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски се изгласа со 62 пратеника, ништо од најавуваното зголемено мнозинство
Следна вестПоскапуваат бензините и дизелот