Новогодишна забава на плоштадот „Македонија“ – вечерва со Ареа, Фолтин…

235

И вечерва на централниот скопски плоштад „Македонија“ продолжува новогодишната програма во организација на Градот Скопје и на Комората за музичка индустрија. Забавната програма вечерва започнува во 19 часот со настапот на повеќе познати естрадни имиња. Така, граѓаните прво ќе ги забавуваат музичарите од групата Сити парк, а потоа ќе следи настапот на Ареа, Фолтин и на крајот ди-џеј Ерик Фокс.

Музичките и другите забавни содржини, како што неодамна соопштија организаторите, ќе се одржуваат секоја вечер се до 7-ми јануари. Покрај ова, на посетителите им се нуди и празничен базар во специјално поставените куќички.

Претходна вестГалуп Интернешенел: Само петина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023
Следна вестЦУК апелира да не се палат депонии на отворено за време на продолжениот празничен викенд