Новогодишното украсување на Скопје ќе почне на 10 декември – повторно фирмата „Линк Медиа“, но бесплатно

На 10 декември ќе почне новогодишното украсувањето на главниот град, најави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Како што соопшти Град Скопје, на повикот на градоначалничката Арсовска до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавиле компании заинтересирани да помогнат.

-Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот, изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата „Линк Медиа“.

Град Скопје и „Линк Медиа“ спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во октомври оваа година. Тие денеска за таа цел потпишаа Меморандум за соработка.

Претходна вестНад 30 отсто од новозаразените се вакцинирани лица
Следна вестМицкоски има информации дека Заев ќе потпише договор со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува