Во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на Ковид-19. Министерството за здравство информира дека новозаразените се во: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес…
Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции.
Регистрирани сe 595 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година.