Новозаразени од Ковид се 491 лица, починале 8 пациенти

Во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на Ковид-19. Министерството за здравство информира дека новозаразените се во: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес…

Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции.

Регистрирани сe 595 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година.

Претходна вестСега, пак, ќе се потепаат кој да го организира Охридскиот маратон, само Пендаровски е неизвесен
Следна вестМуареми прво ќе одмарал, па ќе одлучувал каде ќе работи, до новиот избор – го наследува Дехари