Новозаразени се 88 лица, починале 6 пациенти, а 113 оздравеле

Починати се 6 пациенти од вирусот, а 88 лица се заразиле од него. Ова пред малку го соопшти Министерстворто за здравство преку Фејсбук.
Во последните 24 часа во Македонија се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 23
-Куманово 8
-Дебар 2
-Штип 10
-Прилеп 3
-Тетово 2
-Струга 11
-Велес 2
-Битола 3
-Охрид 8
-Кавадарци 1
-Гостивар 4
-Струмица 1
-Македонски Брод 4
-Виница 2
-Свети Николе 2
-Кичево 2
Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.
Претходна вестМомче од Скопје криело дома два пиштола и 143 куршуми
Следна вестНиту една фирма не се јави за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“