Нужни се промени: МЗТ се исплаши дека може да победи во АБА лигата

Повторно пораз на кошаркарите на МЗТ Скопје. Синоќа изгубија среде Аеродром од Сплит, екипа која исто така се бори за опстанок со елитната АБА лига. Многу порази се нанижаа во ова натпреварување. Дали ова веќе не е причина навистина да се вклучи алармот кај „Штрковите“?

МЗТ Скопје амбициозно тргна во натпреварот. Инаку, пред него рекоа и дека овој пат нема место за грешки. Ама на теренот грешките се редеа и на крај гостинските кошаркари заминаа со победа од 5 коша разлика.

Да, долг период во натпреварот имаше рамноправна борба, но некако при крајот „Штрковите“ како да се исплашија дека може да победат. МЗТ еден период водеше и со 9 кошеви разлика. Во последната четвртина имаа водство, ама почнаа грешките… Тренерот Петковиќ не најде начин тоа да го сопре.

Тој по натпреварот рече:

-На крајот, две грешки во одбрана доведоа до две тројки. За нас ова е тежок пораз, но има уште доста да се игра. Сепак, штета е вака да се губи натпревар во кој имаш контрола над резултатот, изјави Петровиќ.

Да, штета е да се изгуби вака натпревар, особено ако е важен и со ривал кој е просечен, МЗТ мораше да го победи ако сака да остане во АБА лигата. Но, зошто дојде до штетата треба да каже тренерот.

Синоќа во салата единствено на висина на задачата беа верните навивачи од „Фемили“. Цело време држеа ритам на навивање и пеење за својот тим. Праќаа енергија и поддршка за кошаркарите, но и тие во последната минута се разочараа – кога видоа дека тимот на паркетот сосе тренерот не се на висина на задачата. Тие момци со право очекуваат и заслужуваат повеќе од тимот.

Не е доволно МЗТ Скопје да победува во македонската лига. Очекувањата на аеродромци, но и цела Македонија се поголеми. Раководството на тимот треба добро да размисли што понатаму, останува само уште еден натпревар за оваа година, во наредната треба да се тргне со многу промени, ако се посакува успех.

 

Претходна вестМомчето пронајдено во реката Пена можеби било убиено, приведена 17 – годишна девојка
Следна вестКога Али Ахмети кажува за уставните измени…