НВО „Градиме иднина”: Во земјава дневно питачат по две илјади лица

Во земјава дневно питачат по две илјади лица а нашите истражувања покажуваат дека на територијата на цела држава има над четири илјади питачи, истакна на денешната прес-конференција Илија Јованов, претседател на Здружението „Градиме иднина” – Скопје.

– Ние како здружение за осум месеци успеавме да остраниме од питачење 1.500 лица. Ги предупредувавме, ги насочувавме каде да ја барат помошта и дека решението не е во питачењето и не им е тука работното место, рече Јованов.

Тој информира дека денеска во Полициската станица Гази Баба оствариле средба со претставници од полициските станици Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром, Ново Лисиче, Карпош, Гази Баба и Сарај за да се изнајде решение и околу тоа дека организаторите и макроата ги злоупотребуваат децата, и кои им ги одземаат парите што. Како што рече, за жал децата не ги добиваат парите од дневниот промет кој го прават од три до пет илјади денари.

Апелира до бизнис заедниците и општините да се вклучат во проектот за извлекување на луѓето од питачење.

– Овој проблем треба да се решава на општинско ниво. Значи, секоја општина треба да им го решава проблемот на Ромите и апелирам до сите градоначалници наместо партиски вработувања да преземат поголема општествена одговорност. Вие како градски татковци на секоја општина вработете ги ромските семејства, понудете им програма за работа, понудете им курсеви, обуки за да се стекнат со нови знаења, сертификати затоа што не знаеме колкава е бројката на незавршено средно и основно образование, рече Јованов.

Исто така, упати апел и до министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, до Владата и до премиерот Димитар Ковачевски, оваа прашање да се реши институционално.

– Замолувам институционално да им ги решиме проблемите, да бидат со закон заштитени, да бидат вработени, да им се доделат социјални станови, да бидат згрижени, да имаат дневни центри низ цела Македонија да работат со нив стручни лица. Барав да им се решат проблемите затоа што тие се без матични броеви, без нивни лични документи – лична карта, извод на родени, државјанства и се буквално препуштени сами на себе – ни на небо, ни на земја, посочи Јованов.

Претходна вестШаќири: Не се намалуваат само часовите по македонски јазик, туку и на албански, на турски и на сите останати јазици, тоа е новиот концепт
Следна вестСончево и топло со мала до умерена локална облачност