Обезбеден е бесплатен авионски превоз за евакуација на македонските државјани од Израел

Oрганизиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, заради евакуација на сите државјани на Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во  Македонија.

Владата попладнево соопшти дека предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Аир Сербиа“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош.

-Авионскиот превоз кој ќе биде организиран во текот на утрешниот ден, ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош, и ќе биде покриен од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија. Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво – Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Претходна вестГордана Јанкуловска од 1 ноември на слобода
Следна вестСончево со малку облаци