Обид за убиство на јавен обвинител од Гостивар

Утринава во 5:30 часот во гостиварското село Чегране, извршен бил обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар.

Како што информираат од јавното обвинителство, обвинителот е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.

Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му била зададена убодна рана во грбот.

Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот.

Претходна вестМотоциклист тешко повреден откако излетал од патот
Следна вестПМФЛ: Шкупи го совлада Пелистер, победи на Академија Пандев и Ренова