Објавена е нова листа, овие градови се најскапи за живот

Њујорк и Сингапур го делат првото место на врвот на листата на најскапи градови во светот во 2022 година, а минатогодишниот лидер Тел Авив сега е на третото место. Истражувањето оваа година беше спроведено од 16 август до 16 септември во 172 поголеми градови во светот Њујорк и Сингапур.

Според годишното истражување на глобалните трошоци за живот на „Еconomist inteligence unit“, Њујорк по првпат е на врвот на листата, додека Сингапур по осми пат. Најголем напредок на листата имаат американските градови од кои дури шест се најдоа во топ 10, поради брзиот раст на цените и силниот долар во изминатиот период.

Најевтини градови и натаму останува сирискиот и либискиот главен град, Дамаск и Триполи..

Претходна вестКовачевски не сопира: Ќе градиме уште автопатишта, земаме мерка и на Универзална сала, на…
Следна вестФилмот „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова квалификуван за „Оскар“