Објавени два романа од серијата со наслов „Најдобрата кинеска фантастична литература за деца“

„Македоника литера“ неодамна публикуваше два романа од нова серија со наслов „Најдобрата кинеска фантастична литература за деца“ – „Детето на ветрот“ од Ванг Ѓунсин и децата во мобилниот телефон“ од Џоу Син. Преводот од англиски јазик е на Бојана Богдановска и Дијана Крстевска.

„Детето на ветрот“ и „Деца во мобилниот телефон“ се наградени со највисоката награда за најдобар фантастичен роман за деца „Бел кит“ во Кина.

Двете книги се првите наслови од нова серија во копродукција си издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, Народна Република Кина, со која „Македоника литера“ досега ги реализираше сериите „Најдобрата кинеска литература за деца“ со 18 книги, „Кинески народни приказни“ во пет и новелите и расказите на Шен Шиси во пет книги.

„Детето на ветрот“ е дело на фантазијата што го раскажува магичниот живот на Бенбен во долината „Сребрена Трева“. Со интересни ликови, со топол и нежен тон, убаво напишана и со бујна имагинација, оваа книга гради бајковит свет на убавина, добрина и чистота.

Бенбен е дете на ветрот. Бенбен може да го разбере јазикот на животните, да комуницира со самовили; патува наоколу со мајка му – ветер, ја решава кризата на една земја и спасува животи на животни во планина… Тој ги решава сите проблеми поврзани со природата или со животните.

Ванг Јунсин е млада кинеска писателка за деца. Ги објавила книгите „Шумата на тајните зборови“, „Градината на меморијата“ и „Играта на Вајлд“, како и сериите „Витез на облакот елен“, „Подигнување бајка како домашно милениче“ и др. Добитник е на повеќе награди.

„Деца во мобилниот телефон“ опфаќа современа тема и проблеми предизвикани од технолошкиот развој кои се случиле во најново време. Малата Шун мисли дека нејзините родители се неодговорни. Тие се препуштени на игрите на телефон и таа мисли дека тие повеќе го сакаат телефонот од сопственото дете. На својот роденден, малото девојче посакува да влезе во нејзиниот „непријател“ за нејзините родители да поминуваат повеќе време со неа. Еден ден, желбата на магичен начин се остварува – таа и нејзиниот пријател пингвин А Даи се „проголтани“ од телефонот и се заробени во него! И се впуштаат во гротескна авантура.

Џоу Син, новинар и продуцент на информативната програма на Радио-телевизија Шандонг, е писател во слободно време и нов реномиран автор во фантастичната литература за деца во Кина. Инспириран од илустрациите на својата сопруга, тој создал фантастични литературни дела за деца, како што се А Даи, пингвин со супер моќ и Деца во мобилниот телефон, првично напишани за својата шестгодишна ќерка, но потоа за многубројни читатели, откако беа наградени по објавувањето.

Претходна вестМВР ќе прави ли список на знамиња кои не смееме да се веат во Македонија?
Следна вестНаучниците конечно открија зошто толку сакаме чокалодо