Облачно и дождливо

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 12 додека дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно, претежно попладне со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе изнесува 11 а дневната 21 степен.

Претходна вестОсуммина приведени во Скопје и Тетово, полицијата кај нив нашла марихуана и прашкаста материја
Следна вестИзгоре локомотива на „Македонски железници“ кај Велес