Облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=7.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

В петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата.

Претходна вестЗа пожарот во тетовската модуларна болница обвинети три физички лица и едно правно лице
Следна вестДиректорот на Управата за финансиска полиција Муареми доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба, насилство и малтретирање