Облачно и топло со температура до 24 степени

Времето денеска во земјава ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде магливо со појава и на ниска облачност, а од пладневните часови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Благо опаѓање на температурите ќе има од средината на наредната седмица.

Претходна вестСДСМ и ДУИ во шок, ама без емоции ги повикуваат демократските сили и пратеници…
Следна вестДали 10 километри пат треба да се прави 10 години? За Блаце и Петровец прашуваме