Облачно, поројни дождови, грмежи…

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а дневната од 14 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

Претходна вестВремен режим на сообраќај на улицата „Александар Урдаревски“
Следна вестАрсовска: Мостот „Беласица“ го запалиле несовесни граѓани