Облачно со пообилни врнежи од дожд

Во Скопје и околината за денеска се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура се спушти до 7, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во останати подрачја од Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат пообилни (над 35 литри на квадратен метар), на места поројни, проследени со засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се во интервалот од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.

Пообилни врнежи ќе има во среда, кога ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец

Претходна вест„Децата од првата клупа“ – претстава за средношколско насилство во недела
Следна вестДенеска нов протест пред Владата, се бара оставка од Заев