Облачно со повремен дожд и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне. Ќе дува умерен ветер од југозападен до југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.

Под влијание на серија на влажни бранови во следните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Во недела наместа врнежите ќе бидат пообилни, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец, особено во петок и во недела.

Претходна вестПриведен маж кој пренесувал огревни дрва без потребните документи
Следна вестСтуденти со марш ќе побараат повеќе права и подобар стандард