Облачно со повремени врнежи, нестабило и утре

Променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд и услови за ретки грмежи, е денешна прогноза на метеоролозите за скопското подрачје. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 25 степени.

Од утре се очекува во претпладневните часови да има повеќе сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат до 29 степени.

Претходна вестРепризи на „Култура во време на корона“ за карантинскиот викенд
Следна вестПочнатите постапки за избор на раководен орган на универзитетите ставени во мирување