Облачно со сончеви периоди и попладневен дожд

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 12, а дневната од 9 до 17 степени

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе изнесува 10 додека дневната ќе достигне 16 степени.

Претходна вестОдреден притвор за таткото на Урош кој го изврши масакрот во Младеновац
Следна вестМакедонски математичари се враќаат со шест медали од Балканската математичка олимпијада