Облачно со сончеви периоди, во јужните делови дожд

Времето на подрачјето на Македонија денес ќе биде променливо облачно. Во југозападните и јужните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат од -1 до максимални 15 степени.

Во Скопје и околината, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од 0 до 15 степени.

Претходна вестГрци го нападнале македонскиот свештеник Царкњас, ОМД бара осуда и гонење на сторителите
Следна вестЗа еден ден казнети 156 возачи во Скопје, најмногу за брзо возење