Облачно со температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица.

Претходна вестФудбалерите посакуваат нов успех во Тбилиси
Следна вестМоторџиите со најмногу прекршоци, се возело пребрзо, без дозволи…