Облачно време со повремени врнежи и температура до 19 степени

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, попладне со ретки грмежи ќе преовладува денеска на скопското подрачје. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Температурата ќе биде во границите од 7 до 15 степени, а во Скопје ќе се движи од 10 до 19 степени.

Вакво време се очекува се до почетокот на следниот месец при што тогаш се можни и поројни дождови.

Претходна вестНаместо на 12 јули, „Охридско лето“ може да се отвори на 4 август
Следна вестСе отвораат рестораните, дали државните и градските административци пак ќе бидат најчестите гости?