Секој секому префрла за мерките, но сега е најважно да се почитуваат

Втор ден откако е на сила забраната за работа на угостителските објекти што ќе трае до 20 април. Веројатно е прерано да се каже дали оваа мерка, заедно со таа за полицискиот час од 20 до 5, ќе придонесат за намалување на црната ковид статистика. Ќе треба да почекаме за да видиме. Но граѓаните, барем мнозинството од оние кои коментираат на социјалните мрежи се скептични и сметаат дека проблем има и на друга страна не само во почитување на мерките туку и како се донесуваат.

-Од кога и лекарите и граѓаните и сите ви укажувавме дека не смее вака, дека мора нови мерки?! Вие тврдевте дека не мора, а само после 5 дена им ставивте катанци на угостителите. Е па, драги господа мислите ли дека некој ќе ви поверува на вашата недоследност, контрадикторност и збунетост? Секако не! Затоа луѓето и не ги почитуваат вашите одлуки, па има купишта свадби и журки…Самите сте виновни, не ви се виновни граѓаните!

-Ај што се затворивте одеднаш, зошто ги оставивте обложувалниците да работат? Па повеќе народ има во кладилницата кај мојата зграда отколку во кафулето со летна тераса спроти неа. Неа ја затворивте, но, обложувалницата што е „Вухан во мало“ од за никому непознати причини ја оставивте да работи? „Генијалци“!…

Вчера Македонија имаше нов црн рекорд, 51 лице ја изгуби битката со ковид 19.

Самите бројки многу опоменуваат. Независно од реакциите дали мерките се навремени или не, сепак тие сега мора да се почитуваат – за да се избегне црниот биланс кој го носи вирусот. Секако властите треба да си ги најдат своите мани и нив што е можно побрзо да ги отстранат. А мани има, има…

Претходна вестНов црн ковид – рекорд: 51 починат за 24 часа, нови 1.302 заразени
Следна вест„Камерна приказна“ вечерва во Филхармонија