Обвинение за тренерот по џудо во Прилеп за силување деца

Прилепското Обвинителство поднесе обвинение за тренерот по џудо од Прилеп за силување деца, односно негови ученички кои му биле доверени за тренирање и воспитување.

46-годишникот е обвинет за обљуба со злоупотреба на положбата.

„Обвинетитот како тренер по џудо од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејства врз деца што наполниле 14 години – четири ученички, кои му биле доверени за тренирање и воспитување“, соопшти Обвинителството.

Заедно со обвинението до судот е доставен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​

Монструозниот случај беше обелоденет во јануари годинава. Малолетничките пријавиле во полиција дека нивниот тренер сексуално ги злоупотребувал по што беше отворена истрага.

Претходна вестРегистрирани 15 нови случаи на Ковид-19
Следна вестПронајдено безживотно тело на улица во Скопје