Пред денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче, обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска рече дека Обвинителството има цврсти докази дека Љупчо Палевски е сторител на убиствата, и дека промената на исказот на обвинетиот Влатко Кешишев нема никаква доказна вредност.
-Изјавата на Кешишев нема доказна вредност, затоа што и тој и сите други обвинети на крајот од судската постапка ќе дадат своја одбрана, свој исказ, и своја одбрана која ќе биде подложена на прашања од ситте страни и да се расчисти случајот. После вербалните докази, ќе бидат изведени и материјалните докази. Имаме материјални докази дека Палевски е сторител на делата, рече Стојковиќ Димитровска.
Обвинителките, кои за првпат дадоа изјава за јавноста од почетокот на судењето, го коментираа тврдењето на обвинетиот Влатко Кешишев. Тој доставил нова изјава во која наведува дека Палевски не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата.
Според обвинението, Кешишев ја водел полицијата до местото каде биле закопани жртвите и претходно изјавил дека Палевски е сторителот. Но, неговата нова верзија го негира тоа тврдење.
Судењето продолжува со испитување на сведоци предложени од обвинителството, а потоа ќе се разгледуваат материјалните докази кои треба да ја утврдат вината на обвинетите.