Обвинителството ќе го следи изборниот процес и итно ќе постапува во случај на кривични дела

Јавното обвинителство ќе следи случувањата поврзани со изборниот процес преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.

Во текот на утрешниот изборен ден ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства.

Комисијата ќе го следи процесот на гласање, а обвинителствата итно и со приоритет ќе постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување.

Јавното обвинителство воедно потсетува дека во функција е отворената електронска адреса [email protected], каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок или пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.

Претходна вестЗамолкнаа политичарите, на ред се граѓаните
Следна вестБритански пратеник убиен со нож на средба со граѓани, Лондон вели дека е тероризам