Од 12-ти мај со авион ќе се лета од Скопје до Сплит

Нова сезонска авиолинија од Скопје до Сплит ќе воведе хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, најави денеска ТАВ Македонија. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Северна Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година.

Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник / 23:00 часот во петок, додека времето на заминување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути.

 

Претходна вестФондот за иновации потрошил над милион евра за хонорарци и експерти, кои биле примани без критериуми
Следна вестЗа него цел ден биеле камбаните: На денешен ден е роден јунакот Леонид Јанков