Од 144 казни во Скопје, 39 се за брзо возење

Од МВР денеска информираа дека на територијата на град Скопје во текот на изминатиот ден, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции.

Како што соопштуваат, 19 мерки се изречени за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за возење без возачка дозвола, седум за возач почетник и четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, најавуваат од МВР.