Од 160 казни 13 биле за пребрзо возење, се подобруваат ли скопските возачи?

На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници. Ова е значително помал број на казнети возачи од вообичаениот просек. Тоа го отвора прашањето дали скопските возачи стануваат подисциплинирани или, пак, полицијата вчера имала помали контроли?

Имало и 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл и 16 санкции за возење без возачка дозвола.

-Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за некористење сигурносен појас, осум санкции технички неисправни и нерегистрирани возила…, соопшти полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестСкопје се сеќава на 26 јули 1963 година – земјотресот кој го обедини светот
Следна вестПрогноза на „Visual Capitalist“: Македонија до 2050 година ќе загуби 200.000 луѓе