Од денес до недела времен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Претходна вестСОНК ќе решава за владиниот предлог за зголемување на платите, штрајкот продолжува
Следна вестВелигденско послание на г.г. Стефан: Кон нашиот православен народ и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата