Од денес сум невработен, барам работа само во приватни компании, кажа Хаќим Рамадани

25

Kандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од Коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа преку социјалните мрежи истакна дека од денеска е невработен, и дека бара работа само во приватен сектор.

Рамадани вчера не стана градоначалник, односно неговиот противкандидат Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од него, и ќе ја извршува функцијата градоначалник на Општина Брвеница.

Претходно премиерот Мицкоски најави дека Рамадани ќе биде разрешен и од позицијата директор на Инспекторатот за локална самоуправа.

„Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании“, напиша Рамадани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОд денес во Собранието нови тројца пратеници – ги заменуваат новите градоначалници
Следна вестМицкоски е во Брисел, на Самит за проширувањето на ЕУ